Top Sport

Бруно ги шокирал тренерите на Јунајтед, станал побрз за време на паузата

Бруно Фернандеш веднаш ги воодушеви соиграчите и навивачите на Манчестер јунајтед по пристигнувањето во јануари, а сега успеал да ги изненади тренерите на „ѓаволите“ откако на тренинзите бил еден од најбрзите фудбалери на клубот.

25-годишниот Португалец имал максимална брзина од 34.27 километри на час на спринтови од 5.5 метри, оставајќи ги шокирани тренерите на клубот, тврди „Манчестер ивнинг њуз“.

Даниел Џејмс без изненадување бил најбрз со 36.8 км/ч, додека меѓу побрзите биле и Аксел Туанзебе и Џеси Лингард.

Scroll to Top