Top Sport

Орие си направи проблеми за нова фризура – третпат ги прекрши правилата

Тотенхем потврдија дека ќе поведат внатрешна истрага околу Серж Орие, откако бекот од Брегот на Слоновата Коска по третпат ги прекрши правилата за социјално дистанцирање откако во вторникот се пофали дека бил на бербер.

Орие на Инстаграм постави три фотографии со колумбиски дрес кај познатиот лондонски бербер Џастин Кар. Берберите и стилистите во Велика Британија треба да останат затворени барем до јули, што значи дека тој уште еднаш ги прекршил владините правила за социјално дистанцирање.

Орие двапати веќе се извинуваше за прекршување на правилата, прво откако трчаше во придружба на еден пријател, а потоа и на заеднички тренинг со соиграчот Муса Сисоко.

 

View this post on Instagram

 

Yes Sir ??? @justscuts ? #LeCoiffeurEstBon?

A post shared by Thecrazychild93 (@sergeaurier) on

Scroll to Top