Португалецот Бруно Фернандеш продолжува да импресионира со своите партии во дресот на Манчестер јунајтед. Пред речиси една година, кога Јунaјтед издвоија 55.000.000 евра за Фернандеш, многумина им се смееја да челниците на „црвените ѓаволи“.
За помалку од една година, поранешниот играч на Спортинг од Лисабон, покажа дека на Јунајтед ќе им се исплати секој цент што го вложија во него.
Фернандеш на само 35 натпревари учествувал во 34 голови на својот тим (21 гол и 13 асистенции).
Минатата сезона беше најзаслужен за пласманот на тимот во Лигата на шампионите, а оваа сезона блеска во елитното натпреварување. Манчестер јунајтед се наоѓаат на чекор до пласманот во нокаут-фазата.
Синоќа, Јунајтед ја запишаа третата победа во групата. „Црвените ѓаволи“ славеа со 4:1 над Башакшехир, а Фернандеш во првите 20 минути постигна два гола.