Top Sport

Бруно му „спука“ топка на легнатиот Де Јонг – порака за Холанѓанецот?

Френки де Јонг пристигна на „Олд Трафорд“, но не во дресот на Манчестер јунајтед, и очигледно не беше добро примен од човекот кој носи капитенската лента, Бруно Фернандеш, кој му ја „спука“ топката во телото додека Холанѓанецот беше на земја во второто полувреме.

Ова, секако, предизвика мешаница на теренот, по што на крај Фернандеш и Серхи Роберто заслужија по жолт картон.

На социјалните мрежи, навивачите на Јунајтед се сигурни дека потегот на Португалецот е намерен.

Scroll to Top