Top Sport

Бруно не е на продажба

Манчестер Јунајтед нема да го продаде Бруно Фернандеш ова лето по никоја цена, објави „Скај Спортс“.

Галатасарај е заинтересиран за 31-годишниот капитен на Јунајтед, кој, според турските медиуми е подготвен да даде голема понуда, но од „Олд Трафорд“ стигна јасна порака дека Португалецот не е на продажба.

Фернандеш влегува во последната година од договорот, но Јунајтед има опција автоматски да ја продолжи соработката за уште една сезона.

„Скај Спорт“ тврди дека тој се смета за клучен играч во проектот во клубот и дека ставот на раководството е значително различен од минатото лето, кога му беше дозволено да разгледа голема понуда од Ал-Хилал.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');