Top Sport

Бруно се заблагодари на навивачите по промашениот пенал

Бруно Фернандеш вели дека бил лут на самиот себеси откако го утна клучниот пенал при поразот од Астон вила во саботата (0:1), и во исто време им се извини и им се заблагодари на навивачите кои го поддржаа преку социјалните мрежи.

Фернандеш имаше шанса да израми на 1:1 во судиското продолжение, откако Кортни Хаус, кој неколку минути претходно ги донесе Вила во водство, играше со рака во шестаесетникот. Но, тој целосно го утна обидот за трет пораз во последните четири меча за Јунајтед.

„Никој не е повеќе исфрустриран и разочаран од мене поради пеналот и поразот. Секогаш сум ги преземал одговорностите и секогаш сум играл добро под притисок. Денеска, не успеав. Но, направив чекор напред и го преземав предизвикот со истата амбиција и одговорност. Критиките и различните мислења се дел од фудбалот и се научив да ги земам како мотивација, и тоа е дел од мојата желба секогаш да бидам подобар, за мене и за тимот. Најважно е да победуваме заедно и ќе направам се за да помогнам на соиграчите. Оставам се на теренот со желба и посветеност и ќе продолжам така. Благодарам за поддршката по крајот на мечот. Тоа што го слушнав стадионот како го извикува моето име беше емоционално. Ќе се вратам посилен, за моите соиграчи и навивачите кои секогаш се зад ас“, вели Фернадеш.

Scroll to Top