Top Sport

Александер „Велики“ Волкановски ја одбрани титулата во УФЦ „класика“

Александер „Велики“ Волкановски ја одбрани својата титула во перо категорија на УФЦ 266 по трилер битка во пет рунди со американскиот ривал Брајан Ортега во Лас Вегас, потврдувајќи дека со право е сметан за еден од најдобрите УФЦ фајтери на деешницата.

32-годишниот Австралиец со македонско потекло имаше посилен старт во првите две рунди во „Т-Мобиле арената“, но 30-годишниот Ортега во третата рунда успеа да го собори шампионот со силен удар на левицата, по што се обиде да стигне до предавање. Но, неверојатниот Волкановски успеа да ја избегне „гиљотината“, и најдобриот обид за давење на противникот, пред одлично да ја заврши рундата со удари на подот.

Ортега потоа мораше да добие долга медицинска пауза и преглед од докторите за да се дозволи стартот на четвртата рунда. Американецот потоа повторно на стартот на четвртата рунда успеа да ја однесе акцијата а подот, но Волкановски пак „избега“ и продолжи со ударите. Во последата рунда, двајцата фајтери не се предаваа и останаа на нозе со размена на удари.

На крајот, Волкановски беше јасен победник на поени со 49:46, 50:45, и 50:44 за по трет пат да ја одбрани својата титула.

„Јас сум само нормале човек и сум го кажувал тоа постојано. Тука сум само поради мојата напорна работа. Сите кои се сомневаат, повторно ќе добијат враќање во реалноста. Нека дојдат!“, вели Волкановски, кој има 20 победи во низа, од кои последните 10 во УФЦ федерацијата.

Scroll to Top