Ливерпул и Шефилд Јунајтед успешно ги завршија преговорите околу трансферот на младиот напаѓач Рајан Брустер. За фудбалерот кој не одиграл ниту една минута во Премиер лигата ефилд Јунајтед ќе издвојат 23.500.000 фунти.
Шефилд Јунајѕед, најпријатното изненадување во Премиер лигата минатата сезона, оваа ја отворија со три порази и без постигнат гол. Менаџерот Крис Вајлдер инсиситраше на трансферот на Брустер, верува дека тој може да ја подобри ефикасноста.
Инаку до крајот на преодниот рок Ливерпул ќе се обиде да ги продаде Џердан Шаќири и Марко Грујиќ.
За Шаќири нема конкретен интерес, иако англичаните тврдат дека неколку италијански екипи се интересираат за него, додека Грујиќ се поврзува со Саутемптон и Вест Хем од Премиер лигата, односно со Борусија Менхенгладбах од Бундес лигата.