Голманот на Шалке Александер Нибел поради бруталниот старт е тема во спортската јавност.
Во 66 минута Нибел на 20 метри од својот гол со летечки и крвнички старт го сопре налето на играчот на Ајнтрахт, Мијат Гачиновиќ.
Нубел доби црвен картон, а Гачиновиќ мораше да ја напушти играта.
„Се е во ред, ништо не пукна. Вакви работи се случуваат. Му благодарам на Нибел што се извини веднаш. Имам модринки но добро се чувствувам“, напишал на социјалните мрежи по мечот Гачиновиќ.
Инаку натпреварот заврши со победа на Шалке од 1:0.