Top Sport

Брутално претепан фудбалски судија (Видео)

На натпреварот во четвртиот ранг на аргентинскиот фудбал помеѓу Хувентуд и Индепендиенте се случил тежок инцидент.

Незадоволни од арбитражата, навивачите на домашниот тим, брутално го претепале судијата Бруно Амикони.

Навивачите судијата го нападнале на теренот, веднаш по завршувањето на натпреварот, тој се обидел да избега, но не успеал. Откако бил претепан тој некако успеал да стигне до судиската соблекувална. Нападнати биле и неговите помошници, но тие минале со полесни повреди.

Домашните фанови незадоволни од поразот на нивниот тим (0:1) ги нападнале и гостинските фудбалери.

Scroll to Top