Top Sport

ФАРЕ до геј навивачите: Бидете внимателни во Русија

Советниците на Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги предупредиле геј навивачите дека искажувањето на нивната сексуалност може да предизвика незадоволство за време на Светското првенство во фудбал кое од 14 јуни до 15 јули ќе се одржува во Русија.

Мрежата ФАРЕ, која се бори против расизам и други видови дискриминација, објави дека ќе направи водич во кој ќе бидат опишани заканите со кои навивачите можат да се сретнат во текот на Светското првенство.

„Водичот ќе ги советува навивачите да бидат претпазливи на сите места на кои ќе биде забележано дека ЛГБТ заедницата не е добредојдена. Доколку имате навивачи кои се движат по улица и се држат за раце, дали ќе бидат во опасност? Тоа зависи во кој град се наоѓате и кој дел од денот е“, рекла извршната директорка на ФАРЕ, Пјара Повар.

Хомосексуализмот во Русија е декриминализиран во 1993 година, но во 2013 година е усвоен законот кој забранува ширење пропаганда која ги поддржува хомосексуалците.

„Не е злостор да бидете геј, но постои закон против промовирањето на хомосексуалноста на малолетници. Геј луѓето имаат свое место во Русија, но тоа е скриено“, дополнила Повар.

ФИФА сè уште не знае дали на навивачите ќе им биде дозволено на стадионите во Русија да ги истакнуваат знамињата со виножитото.

„Британските и германските навивачи го поставија тоа прашање, но ФИФА сè уште не одговорила. Тоа ќе го решат безбедносните служби. Одете на Мундијалот, но бидете внимателни“, рекла извршната директорка на ФАРЕ.

Scroll to Top