Top Sport

Брза реакција – уапсен навивачот кој со ласер му пречеше на Мудрик

21-годишен навивач на Арсенал бил уапсен како главен осомничен дека на вчерашното лондонски дерби помеѓу „топчиите“ и Челси со ласер му пречеше на украинското крило на гостите, Михајло Мудрик.

Мудрик, кој долго време се поврзуваше со трансфер од Шахтјор во Арсенал, во јануари се пресели во Челси, кои беа подговтени да платат 80 милиони фунти за него. Навивачите на Арсенал го свиркаа при секој допир со топката при 3:1 победата, откако тој претходно изјави дека има огромна желба да постигне гол против „топчиите“.

„Вакво однесување е опасно и целосно неприфатливо и соработуваме со полицијата во нивната истрага“, објавија од Арсенал.

Scroll to Top