Top Sport

Бучер, познат по „крвавата“ фотографија, сака забрана на ударите со глава

Тери Бучер, англискиот дефанзивец кој беше вистински пример на „цврсто момче“ во фудбалот, и кој играше со сериозна повреда на главата на меч од квалификациите за СП против Шведска, вели дека модерниот фудбал треба полека да се прости од ударите на топката со глава, кои на крајот би требало целосно да бидат забранети.

Бучер оценува дека воздушните судири во фудбалот имаат потенцијал да бидат „катастрофални“, откако повеќе фудбалски ветерани подоцна во својот живот се мачеа со деменцијата, како легендите на Манчестер јунајтед, Денис Ло и Боби Чарлтон.

„Сакам да гледам фудбал во кој нема да има удари со глава, кои полека треба да се забранат. Секако, тоа не можеш да го направиш одеднаш и мораш да бидеш внимателен. Мислам дека во минатото, посебно во Англија игравме многу опасен фудбал. Сега се признава дека се работи за нешто што може да донесе катастрофални последици“, оценува Бучер.

Фудбалските власти во Англија веќе воведоа правило од ограничување на „најмногу 10 силни“ удари со глава на тренинг.

Бучер ќе остане во фудбалската историја по една од најневеројатните фудбалски фотографии во историјата, кога беше целосно облеан со крв на гостувањето кај Шведска во 1989 година, кога рано доби повреда по судирот со глави со еде шведски напаѓач. Тој одигра 90 минути, Англија изддржа за 0:0 реми и се квалификуваше за Светското првенство во Италија во 1990 година.

Scroll to Top