Top Sport

Буфон: Да се пензионирам па да завршам средно

Легендата на италијанскиот и светски голман Џиџи Буфон неодамна го продолжи договорот со Јувентус. Кога новиот договор ќе му заврши Буфон ќе има 43 години и тогаш ќе замине во пензија.

Буфон има план што ќе прави откако ќе престане професионално да се занимава со фудбалот.

„Кога ќе ја завршам кариерата ќе земам одмор од една година за да бидам со своето семејство. Потоа ќе се вратам на училиште, ми остана уште една година за да завршам средно, а родителите поради тоа ме „дават“ 30 години“, рекол Буфон во еден разговор на „Инстаграм“.

„На три работи секогаш им се радувам во животот. Односо што го имам со сопругата и семејството, мојата работа и можноста во животот да научам нешто ново. Кога ќе ја завршам кариерата ќе имам уште повеќе време за да учам нови работи“, заклучил Буфон.

Легендарниот голман викендов во градското дерби против Торино треба да го забележи својот 648 настап во Серија А со што ќе стане апсолутен рекордер.

Scroll to Top