Голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон стана апсолутен рекордер според бројот на одиграни натпревари во Серија А. Буфон се наоѓа во стртната постава на Јувентус против Торино што е негов 648 натпревар во најсилната италијанска конкуренција.
Легендата на италијанскиот и светскиот фудбал во Серија А дебитираше како 17 годишник на голот на парма во ноември 1995 година. 25 години подоцна тој го урна рекордот кој го постави Паоло Малдини.
Буфон во Парма беше шест години, за „млекарите“ одигра 168 натпревари во Серија А. Голманот во 2001 година се пресели во Јувентус, каде со исклучок на сезоната 2017/2018 кога беше во ПСЖ, брани и денес.
Покрај 648 натпревари во Серија А, Буфон има одиграно и 37 натпревари во Серија Б каде што Јувентус настапуваше поради аферата „Калчополи“. За ПСЖ бранел на 17 натпревар во сезоната 2017/2018.
Со Јувентус има освоено девет трофеи во Серија А, една во Серија Б, четири во Купто на Италија и пет во Суперкупот на Италија. Во 2006 гдина со Италија Буфон стана светски првак.