Top Sport

Кокошков е новиот тренер на Фенербахче

Она што се најавуваше во изминатите два дена попладнево доби официјална потврда, Игор Кокошков е новиот тренер на Фенербахче.

Информацијата ја потврди клубот од Истанбул на социјалните мрежи. Кокошков на клупата го наследи сонародникот Жељко Обрадовиќ.

Игор Кокошков е актуелен селектор на Србија, тој во Фенербахче доаѓа од Сакраменто Кингс каде беше еден од помошниците на тренерот Лук Волтон. Кокошков со Фенербахче потшишал три годишен договор.

Најголемиот успех во кариерата Кокошков го постигна во 2017 година кога ја предводеше Словенија до титулата на Европското првенство.

Кокошков е првиот странски тренер кој седел на клупата на еден НБА тим. Во сезоната 2018/2019 тој ги предводеше Финикс Санс.

Scroll to Top