Top Sport

Буфон го чека нова казна за богохулење!

Ветеранот на голот на Јувентус, Џиџи Буфон го очекува нова казна за богохулење, откако повторно беше фатен на камера како користи ваква фраза во текот на мечот од Копа Италија против Интер.

Богохулењето, односно привикувањето на божјето име во неприкладна форма, во италијанскиот јазик се смета за најлош тип на пцуење, а дисциплинската комисија на Серија А сега лесно ги фаќа ваквите прекршоци бидејќи без публика, јасно се гледа кој пцуе.

Мечот со Интер беше 1.100. меч во кариерата на Буфон како професионалец, и престапот доаѓа само неколку дена откако на 26 јануари беше пријавен во дисциплинската комисија за користење на ваков јазик во мечот против Парма во декември.

Scroll to Top