Top Sport

Буфон го смени дресот со Турам јуниор, откако играше со татко му во Парма! (видео)

Џиџи Буфон е вечен! Во саботата италијанскиот голман имаше шанси да го смени својот дрес со Маркус Турам, синот на Лилијан Турам, неговиот поранешен соиграч од Парма!

Во 1997 година, Буфон беше голман на славната генерација на Парма покрај францускиот репрезентативец Лилијан Турам, и таа година, во Италија, се роди синот на Турам, Маркус. Сега 21-годишен напаѓач, Маркус Турам играше за Генгам, додека Буфон бранеше за ПСЖ!

Уште еден податок – Турам и Буфон таа сезона играа против Џорџ Веа (тогаш во Милан). Сега, Буфон е соиграч со синот на Веа, Тимоти Веа!

Scroll to Top