Top Sport

ВРЦ: Проблеми за Ожие, Танак пред голема победа во Германија

Естонскиот возач на Тојота, От Танак ќе влезе со предност од 44 секунди пред Дани Сордо и Јари-Мати Латвала пред последниот ден на германското рели, откако светскиот шампион Себастиен Ожие имаше кошмарен ден.

Возачот на М-Спорт Форд, Ожие беше најблизок ривал на Танак сѐ додека не сопре да го поправи оштетеното тркало во попладневната Панцерплате етапа, со што загуби околу 2 минуити и падна на деветтото место во генерален пласман. До крајот на денот, тој стигна до седмото место со големи 1:51 зад Танак.

Танак по несреќата на Ожие успеа да се „опушти“ на врвот, но зад него борбата за второто место стана поинтензивна. Сордо беше најбрз на двете етапи на Панцерплате и скокна од шестото на второто место, но Латвала беше одличен во последните две етапи од саботата и на крајот заостанува само 0.8 секунди зад Сордо.

Лидерот во генерален пласман, Тјери Нојвил, по оштетувањето на авттомобилот во текот на петочниот ден, остана на четвртото место со 52 секунди заостанување зад Танак.

Scroll to Top