Top Sport

Буфон и Кјелини верни на „Старата дама“ до идното лето

Двајцата најискусни фидбалери на актуелниот италијански шампион, Јувентус – Џанлуиџи Буфон и Џорџо Кјелини ги продолжија договорите со клубот до летото 2021 година, соопштија денеска од клубот.

Легендарниот голман, Буфон има 42 години и во клубот од Торино е од 2001 година, ако не се смета едната година пауза кога направи трансфер во француски ПСЖ.

За разлика од него, капитенот на „Старата дама“, Киелини кој во август ќе наполни 36 години, „црно-белиот“ дрес го носи од 2005 година.

Двајцата легендарни играчи со Јуве освоија бројни трофеи, но и двајцата се уште не го подигнале „пехарот со големите ужи“ во Лигата на шампионите.

Буфон досега загубил три финални дуели во ЛШ, а Киелини две.

Scroll to Top