Top Sport

Јунајтед го сака Лука Јовиќ на „Олд Трафорд“

Британските, шпанските и италијанските медиуми пишуваат дека Манчестер Јунајтед го означи младиот српски фудбалер, Лука Јовиќ како засилување за нападот, мето на кое инсистира менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Норвежанецот е голем обожавател на играта на српскиот интернационалец и уверен е дека тој може да биде големо засилување во нападот, слично како што тоа го правеше во Ајнтрахт Франкфурт.

Јовиќ за 60 милиони евра Франкфурт го замени со Мадрид (Реал), но таму не се снајде баш најдобро.

Србинот во Кралскиот клуб често беше на мета на напади и ккритики, а се почести се шпекулациите дека тој летово ќе го напушти „Бернабеу“.

Наводите се дека Јунајтед е во потрага по „вистинска деветка“ која ја остави Лукаку кога прејде во Интер.

Засега не се објавени можни суми или план по кој Јовиќ би дошол во Манчестер, но намерите се јасни, „ѓаволите“ имаат потреба од расен стрелец.

Scroll to Top