Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон вели дека пристигнувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус било одлично на кратки патеки за тимот, но дека придонело „бјанконерите“ да ја загубат ДНК-та како тим.
Буфон, кој уште игра со неговиот прв клуб Парма во Серија Б, зборуваше за своите планови да продолжи со фудбалот, но се потсети и за ефектот кој го имал Роналдо во Јувентус.
„Јувентус имаа фантастична шанса да ја освојат Лигата на шампионите во првата година кога тој пристигна, а тоа беше сезоната во која бев во Пари Сен-Жермен и не знаев што се случува. Кога се вратив, работев со ЦР7 две години и бевме добри заедно, но мислам дека целиот Јувентус ја загуби ДНК-та на тимот. Стигнавме до финалето на ЛШ во 2017 бидејќи бевме клуб полн со искуство, но и клуб кој работи како едно, и имаше конкуренција за секое место во клубот. Го загубивме тоа со Роналдо“, вели Буфон.