Top Sport

Буфон ќе брани уште една сезона?

Голманот на Јувентус, Џиџи Буфон, би можел да го одложи заминувањето во пензија, но само доколку клубот смета дека тој и понатаму му е неопходен на тимот.

Според претходните најави, легендарниот голман ќе се пензионира по завршувањето на сезоната.

Буфон минатиот месец рече дека одлуката за пензионирање може да ја одложи единствено освојувањето на титулата во Лигата на шампионите бидејќи имал желба да настапи на Светското првенство за клубови.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Буфон во саботата разговарал со спортскиот директор на кого му посочил дека сè уште може да игра.

Голманот посочил дека може да одигра уште една сезона, но само доколку навистина му е потребен на тимот.

Scroll to Top