Top Sport

Кутињо до крајот на сезоната ќе игра за Ливерпул

Ливерпул и Кутињо ставија крај на шестмесечната трансфер-сага откако двете страни постигнале договор Бразилецот до крајот на сезоната да остане на „Енфилд“.

Одделни англиски и шпански медиуми објавија дека Кутињо до наредното лето ќе остане во Ливерпул, а ќе може да го напушти клубот кога нов играч ќе стане Наби Кеита од Лајпциг.

Бундеслигашот во летниот преоден рок се согласи да го продаде Кеита, но само под услов тој и оваа сезона да остане во клубот.

Кутињо од Ливерпул добил ветување дека наредното лето ќе може да се пресели во Барселона за сума од 130 милиони евра.

Покрај Кеита, Ливерпул ќе мора да најде уште еден играч од средниот ред бидејќи Емре Џан веќе се договори со Јувентус.

Јирген Клоп ќе се обиде да го донесе искусниот Италијанец Клаудио Маркизио, кој сезонава има мала минутажа кај Масимилијано Алегри.

Што се однесува до Барселона, Кутињо во овој момент не е приоритет на Ернесто Валверде, кој мора да ја засили одбраната, а неговиот избор е младиот Холанѓанец од Ајакс, Матијс де Лихт.

Scroll to Top