Голманската легенда Џанлуиџи Буфон кон крајот на март ќе преговара со челниците на Јувентус околу продолжувањето на договорот, потврдил неговиот менаџер Силвано Мартина.
Буфон минатото лето се врати во Јувентус, откако во претходната сезона беше играч на Пари Сен Жермен. Неговиот договор со „старата дама“ истекува во јуни.
„Не знам што ќе направи. Мислам дека и самиот не знае што ќе прави. Ќе имаме состанок со челниците на клубот кон крајот на март, тогаш ќе знаеме повеќе“, рекол Марина.
„Среќен е. Има 42 години, но здрав е и максимално е подготвен“.
Буфон од почетокот на сезоната настапил на седум натпревари.