Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, конечно, се ожени со Пилар Рубио на спектакуларна церемонија во катедралата во Севилја, пред приватната забава за 500 гости на неговиот ранч за коњи во Андалузија. Листата на славните гости беше предолга: Дејвид Бекам, Кејлор Навас, Лукас Васкез, Лука Модриќ, Серхио Бускетс, Жорди Алба…

Традиционално, Рамос придружуван со неговата мајка влезе прв во катедралата, по што Рубио пристигна со нејзиниот татко.

„Сум бил на многу свадби, но ниту една не беше како нашата. Љубовта го движи светот, а јас имам прекрасно семејство“, изјави Рамос.

По церемонијата во катедралата, следуваше лудата забава на неговиот ранч, каде што посебни гости беа легендарните „AC/DC“.

Soccerplayer BRoberto Carlos during the wedding of Sergio Ramos and Pilar Rubio in Seville on Saturday, 15 June 2019.
David and Victoria Beckham during the wedding of Sergio Ramos and Pilar Rubio in Seville on Saturday, 15 June 2019.
Sergio Ramos and Mon during the wedding of Sergio Ramos and Pilar Rubio in Seville on Saturday, 15 June 2019
Florentino Perez during the wedding of Sergio Ramos and Pilar Rubio in Seville on Saturday, 15 June 2019.