Top Sport

Буфон: Морав да останам во Јуве по „Калчополи“

Џанлуиџи Буфон ова лето, конечно, си замина од Јувентус, потпишувајќи за Пари Сен-Жермен, но останува во срцето на „бјанконерите“ откако остана во тимот по скандалот „Калчополи“ и исфрлувањето на Јуве во Серија Б.

Свеж со светската титула со Италија, Јувентус во 2006 година беа исфрлени во втората лига и Буфон можеше да го бира својот тим, но тој остана во Торино, помина една сезона во Серија Б и стана легенда на клубот.

„Во фудбалот можеш да пратиш порака со својата лојалност. Да им кажеш на фановите: ’Во тешките времиња, јас ќе сум тука’. Сите играме за слава, пари, трофеи и многу други работи, но исто така играме за да бидеме дел од нешто поголемо“, вели Буфон во интервју за „Л’Екип“.

Буфон беше ценет во Франција и пред да дојде во ПСЖ, откако ги сопираше италијанските навивачи да ја свиркаат „Марсељезата“ пред меч со Франција.

„Моите дејства никогаш не се калкулирани. Никогаш. Затоа си направив некои проблеми, но кога имам нешто во стомакот, главата и срце, тоа го вадам надвор. Во Бари, фановите ја свиркаа ’Марсељезата’ и мораше нешто да направам. Покрај начин да се покаже почит кон Франција и француската нација, треба да се брани Италија, да се каже дека мојата земја не се тие луѓе кои свиркаат. Ја знам историјата на мојата земја, вредностите кои ги има во италијанската химна и трагедиите на тие кои умреа за Италија. Имав дедо кој загина во Првата Светска Војна. Не сакав некој со свиркање на химна да ја валка таа историја, тоа сеќавање“, објаснува Буфон.

Фото: ЕПА

Scroll to Top