Top Sport

Крос: Ова не е првпат Реал да е во криза

Тони Крос вели дека навивачите на Реал Мадрид треба да имаат доверба во својот клуб и дека падот на формата не се случува првпат и последните три години по ова „Лос бланкос“ се враќале со титула во Лигата на шампионите.

Реал е во низа од четири меча без победа во Ла лига и во Лигата на шампионите, а најмногу разочарува што во овие четири натпревари не постигнаа ниту еден гол. По само неколку месеци на чело на тимот, Хулен Лопетеги е под притисок. Крос на Твитер ги убедуваше фановите дека тимот има искуство да излезе од лошиот период.

„Две недели разочарувачки резултати, натпревари и лоша среќа. Заслуживме повеќе поени бидејќи не игравме лошо, но тоа што е тука е. Не заборавајте дека имавме слични моменти и последнтие три години. Ќе биде предизвик да се стане на нозе. Хала Мадрид!“, напиша Крос.

Фото: ЕПА

Scroll to Top