Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон официјално закажа прес-конференција за во четврток во 10.30 часот наутро, и италијанските медиуми се сигурни дека ветеранот ќе објави дека се повлекува од фудбалот.
Околу иднината на 40-годишниот ветеран имаше многу шпекулации, и засега не е официјално потврдено дека тој се откажува од фудбалот, но имаше „знаци“ дека „бјанконерите“ се збогуваат со Буфон – повисоките цени на билетите за последниот натпревар од сезоната следниот викенд против Верона и изјавата на Џорџо Кјелини дека ќе му „недостасува“ капитенот.
Фото: ЕПА