Top Sport

Буфон: Не ми требаат 8 титули од Лигата на шампиони да знам дали сум добар

Џанлуиџи Буфон ќе остане легенда на калчото, и објаснува зошто уште игра за Парма на 44 години и зошто не му се потребни „8 титули од Лигата на шампионите“ да знае колку е добар.

„Ќе продолжам да играм поради повеќе причини. Прво, бидејќи се чувствувам силен и конкурентен и бидејќи чувствувам дека учествувам во златната ера на овој спорт. Сега сум на возраст на која можам да решам да се пензионирам во секој момент, така што ја контролирам ситуацијата. Но, мојот избор секогаш е со причина. Се вратив во Парма бидејќи сум среќен човек кога ќе видам како фановите се горди да ме видат во овој дрес“, вели Буфон.

Иако во својата кариера ја освои титулата од Светското првенство со Италија во 2006 и безброј домашни трофеи со Јувентус, тој во кариерата е без трофеј од Лигата на шампиони. Буфон во 2006 година реши да остане во Јувентус иако тие беа исфрлени во Серија Б, неколку недели откако го крена трофејот од Мундијалот.

„Освоив многу во мојот живот, но свесно пропуштив други титули. Среќен сум со оствареното, бидејќи остварив успех со љубовта на фановите. Не ми требаат на пример осум трофеи од Лигата на шампионите да знам дали сум добар. И без тие титули, знам дека вредам. Критиките секогаш ме мотивираат, посебно сега кога сум постар“, додава Џиџи.

Scroll to Top