Top Sport

Буфон одговори на предизвикот на Фабрегас: Да видиме дали пак ќе ми дадеш гол

Голманот на Парма, ветеранот Џанлуиџи Буфон одговори на предизвикот на уште еден фудбалски ветеран кој ќе игра во Серија Б следната сезона, Цеск Фабрегас.

Шпанецот направи сензационален трансфер во Комо, каде што неговиот поранешен соиграч од Челси, Денис Вајс е директор и ќе стане акционер во клубот за кој ќе игра, а исто така ќе се судри со Парма на Буфон во новата сезона. При презентацијата како нов фудбалер, Фабрегас изјави дека сака повторно да му даде гол на Буфон.

„Ќе биде задоволство да те видам повторно и да се судриме на теренот. Добредојде во Италија. Ќе те чекам со отворени раце. П.С. Да видиме дали пак ќе ми дадеш гол“, напиша Буфон на Твитер.

Фабрегас му даде гол на Буфон во Лигата на шампионтие во 2006, кога Арсенал ги совладаа Јувентус со 2:0, исто така за Шпанија на Евро 2012 и го постигна победничкиот гол во пенал-серијата во четврт-финалето на Еуро 2008.

Scroll to Top