Top Sport

Буфон „оди на женско“ – ќе стане татко по четврти пат

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон ќе стане татко по четврти пат објавуваат италијанските медиуми, откако неговата поубава половина Иларија Д’Амико е повторно бремена.

Д’Амико, која е новинарка и водителка на „Скај Италија“ беше забележана на прошетка во Милано, каде што не можеше да се скрие нејзиниот стомак. Ако оваа информација се покаже како вистинита, тоа ќе биде второ дете на Буфон и Д’Амико покрај тригодишниот син, Леополдо Матија.

Голманот има уште два поголеми сина, Луис Томас (роден во 2007) и Давид Лиј (роден во 2009 година) од бракот со чешкиот модел Алена Середова, со која се разведе за да биде со Д’Амико. Покрај тоа, водителката има уште еден син од претходниот брак. Италијанските медиуми шпекулираат дека Буфон сака ново дете бидејќи му недостасува девојче во семејството.

Scroll to Top