Top Sport

Дел Боске: На Реал му треба Мбапе, а не Нејмар, кој се фрла наоколу како дете

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Висенте дел Боске смета дека неговиот поранешен клуб би требало да го ангажираат Килијан Мбапе ако планираат да прават „дил“ со Пари Сен-Жермен наместо да одат по „детскиот“ Нејмар.

Нејмар, кој едно време го носеше дресот на омразениот ривал Барселона, се поврзува со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ повеќе години, но 27-годишниот Бразилец постојано вели дека сака да остане во Париз. По, минатогодишното СП во Русија, каде со Франција ја освои титулата, Мбапе се приклучи на шпекулациите за трансфер во Мадрид, посебно бидејќи Зинедин Зидан го преферира него. Дел Боске беше јасен кого треба да изберат.

„Јас би потпишал со Мбапе, бидејќи тој изгледа многу поразумен човек. Нејмар дури  ги имитира децата со своето фрлање наоколу“, вели Дел Боске.

Реал ја заврши најслабата сезона по повеќе години, во која имаше три тренери – Хулен Лопетеги, Сантијаго Солари и Зинедин Зидан.

„Резулатите едноставно не дојдоа. Да се смени тренер двапати е најлошо нешто што може да му се случи на било кој клуб. Сите тројца го познаваа Мадрид, но се случија некои непредвидливи работи“, објаснува Дел Боске.

Scroll to Top