Top Sport

Буфон: Оливер има канта за отпад наместо срце

Јувентус синоќа се прости од натпреварите во Лигата на шампионие, откако Реал Мадрид со контроверзен пенал се пласира во полу-финалето. Јувентус во Мадрид успеа да ја надомести негативата од 0:3, а натпреварот да биде решен во продолженијата спречи Мајкл Оливер, кој во 93.минута досуди пенал за Реал.

По досудениот пенал играчите на Јуветус бурно протестираа, Кјелини на противниците им гестикулираше дека ги поткупиле судиите, а најгласниот, голманската легенда Џиџи Буфон доби црвен картон.

„Судијата не може да биде толкав циник да го уништи напорот на целиот тим. Човечко битие не може да отстрани тим каков што е овој. Ако сакаш да бидеш главен лик, седи со сопругата. Оливер има канта за отпад наместо срце“, рекол Буфон, за кого дуелот во Мадрид веројатно беше последен во неговата кариера, во Лигата на шампионите.

Scroll to Top