Top Sport

Ањели: УЕФА и Колина сакаат да ги уништат италијанските клубови

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели го обвини главниот делегат за судии на УЕФА, неговиот италијански сонародник Пјерлуиџи Колина за намерно уништување на италијанските клубови во Европа по случувањата на мечот во Мадрид.

Јувентус победија со 3:1 во Мадрид, но излетаа од ЛШ со 4:3 вкупен резултат откако судијата Мајкл Оливер реши дека фаулот на Бенатија е за пенал, по што Кристијано Роналдо смирено го реши мечот.

„Мораме да останеме смирени и да ја анализираме ситуацијата. Многу земји имплементираа ВАР-системи и кога ќе се погледнат ситуациите против италијанските клубови, како фаулот над Квадрадо, Милан на гости кај Арсенал и денеска Јувенус, јасно дека е нужно да има ВАР во Лигата на шампионите. Не се работи за поен или два, туку за полуфинале на најважниот турнир кој носи толку пари и престиж. Поради некои причини делегатот на УЕФА се обидува научно да докаже дека поставува само судии кои се против италијанските клубови. Не се работи само за Јуве, туку и за Рома против Барса, за Милан против Арсенал“, обвинува Ањели.

Со него се согласува и тренерот на италијанскиот шампион, Макс Алегри.

„Жал ми е за момците, кои одиграа одлични 60 минути во Торино и не постигнаа гол, а тука играа фантастично. Пеналот беше обратна ситуација од таа со Квадрадо во првиот меч. И тогаш кажав дека тоа може да го реши мечот. Заслуживме барем да се бориме во продолженија. Мораме да бидеме посилни од вакви непријатни искуства“, вели Алегри.

Фото: ЕПА

Роналдо: Не сфаќам зошто Јуве се бунеа, тоа беше чист пенал (видео)

Пенал во 93. минута спречи ново „италијанско чудо“ – Реал едвај во полуфинале (видео)

Scroll to Top