Top Sport

Буфон откри зошто ги одбил Милан: Мојот живот можеше да биде поинаков

Џанлуиџи Буфон признава дека неговата кариера и неговиот живот би бил сосема поинаков доколку ја прифатил понудата од Милан како тинејџер.

Легендарниот италијански голман ја почна кариерата со Парма, приклучувајќи се на академијата како 13-годишник, а откако блесна со нив и ја освои титулата од УЕФА купот во 1999 година, имаше блескава кариера со Јувентус, освојувајќи 10 титули од Серија А и трофеј од Светското првенство со Италија.

Сега, тој повторно е во Парма, и признава дека животот би му бил поинаков доколку прифател да замине на „Сан Сиро“, а не да остане со тренерот на голмани на Парма, Ермес Фулгони.

„Ермес ми го ‘сврте’ животот и беше човекот кој ме донесе тука. Кога бев дете, решив да играм за Милан, но потоа дојдов на проба во Парма и бев заразен од ентузијазмо на Ермес, неговата посветеност и веселост. Да не беше тој, мојот живот ќе беше сосема поинаков, но тешко дека ќе беше подобар. Затоа велам дека понекогаш е потребно да се предадеш на емоциите и чувството кое го имаш покрај одредени луѓе. Парма секогаш беше дел од мене, мојот посебен град. Десетте години кои ги поминав тука беа најважни во животот. Сега, кога се вратив тука, имав чувство дека одам на место каде што пстојано ја чувствувам љубовта“, вели 44-годишниот Буфон.

Scroll to Top