Top Sport

Буфон по две децении се врати во Парма

Голманската легенда, Џанлуиџи Буфон, по две децении се врати во Парма. Буфон, како слободен играч го напушти Јувентус, со Парма ќе потпише двегодишен договор.

Веста за враќањето на Буфон, клубот од „Енио Тардини“, со оригинално видео го потврди на социјалните мрежи.

Буфон е прикажан како Супермен. Овој прекар го доби, кога во 1997 година му одбрани пенал на оригиналниот Роналдо. Кога го одбрани пеналот, Буфон го крена дресот и на навивачите им ја покажа маичката со лого на Супермен.

Џиџи Буфон, Парма ја напушти во 2001 година, кога за неверојатни 52 милиони евра замина во Јувентус.

Scroll to Top