Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон по цели 20 години повторно е на голот на Парма.
Dare tutto ciò che abbiamo per raggiungere i nostri obiettivi.
Sarà un campionato tosto, lungo, equilibrato.
Servirà combattere su ogni pallone per conquistare ciò che vogliamo.#FrosinoneParma #FroPar pic.twitter.com/WuadSHnA2n— Gianluigi Buffon (@gianluigibuffon) August 20, 2021
Буфон за „млекарите“ бранеше од 1995 до 2001 година кога прејде во редовите на Јувентус. Кај „Старата дама“ беше се до 2018 година кога направи трансфер во ПСЖ, но по само една сезона повторно се врати во Торино.
Од ова лето е повторно во Парма. Синоќа неговиот старо-нов клуб го одигра првиот меч од новата сезона во Серија Б, нагости кај Фросиноне.
Домаќините поведоа, Парма направи пресврт, но со гол во 89 минута Буфон беше совладан по вторпат за конечни 2-2.