Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, оценил дека доаѓањето на Кристијано Роналдо во Торино е одлична реклама за клубот и италијанскиот фудбал.
Светската јавност изминатите десет дена се занимава со трансферот на Португалецот во Јувентус, а како што објави „Скај спорт“, работата ќе биде завршена во наредните 48 часа.
„Не би бил изненаден доколку го видам Роналдо во Јувентус. Би бил среќен доколку тоа се случи, на Јувентус и неговите навивачи му се потребни нови идоли. Неговиот трансфер би бил најдобра реклама за Јувентус и италијанскиот фудбал. Не ми пречи што доаѓа по моето заминување, ми пречат оние два гола што ми ги даде во финалето…“, рекол Буфон, кој кариерата ќе ја продолжи во екипата на ПСЖ.
Според медиумите, Кристијано Роналдо, во Јувентус ќе заработува 30 милиони евра годишно, а Реал од трансферот ќе заработи околу 100 милиони евра.