Top Sport

Бугарија со службен резултат ќе загуби од Унгарија?

Репрезентацијата на Бугарија одамна ги загуби шансите за пласман на ЕП. Поради тоа Фудбалскиот сојуз реши, последниот меч во групата, националниот тим да го одигра во Пловдив, а не во Разград.

Бугарија треба да ја пречека Унгарија во Пловдив на 16 ноември, но прашање е дали натпреварот ќе се одигра, бидејќи имаат проблеми со организацијата.

Имено, изведувачот на стадионот на Ботев во Пловдив се противи на одигрување на овој натпревар поради реконструктивните работи кои можат да ја загрозат безбедноста на луѓето на стадионот, па градоначалникот одбил да го потпише договорот мечот да се игра во Пловдив.

ФС Бугарија тврди дека ваквата одлука ја донела УЕФА (!?) и дека, во случај натпреварот да не се игра во Пловдив, нема да играат никаде, а од градот одговараат дека писмото го добиле предоцна за да можат да гарантираат безбедност.

Доколку натпреварот не се одржи, Унгарците ќе победат со службен резултат 3:0.

Scroll to Top