Лидерот во Бундеслигата Лајпциг во 19 коло го доживеа третиот пораз во првенството. Во Франкфурт, Ајнтрахт ги победи „биковите“ со 2:0. Поразот на Лајпциг веќе го искористи Борусија Менхенгладбах која ја намали предност на два бода во однос на Лајпциг, а истото вечерва ќе има можност да го напарви Баерн.

Ајнтрахт го сруши лидерот со два гола во второто полувреме. На почетокот на вториот дел првиот гол го постигна Траоре, а во 94 минута точка на мечот стави Костиќ.

Борусија во Менхенгладбах со пресврт славеше над Мајнц 3:1. Гостите водеа со голот на Кваизон во 11 минута. Борусија пресврт направи со головите на Плеа во 24 и 76 минута. Победата ја потврди Нојхаус во 87 минута.

Резултати:

Фрајбург-Падерброн 0:2
Унион Берлин-Аугсбург 2:0
Волфсбург-Херта 1:2