Top Sport

Ди Марија: Уште ПСЖ и се враќам во Аргентина

Фудбалерот на Пари Сен Жермен Анхел Ди Марија (31) изјавил дека кариерата ќе ја заврши во Аргентина. Договорот на Ди Марија со клубот истекува во јуни 2021 година. Досега тој од клубот не добил понуда за нов договор.

„Договорот важи уште 18 месеци, нема простор за паника. Неколку пати сум кажал дека сама ПСЖ да ми биде последен клуб во Европа, потоа би сакал да се вратам во Аргентина“, рекол Ди Марија.

Кариерата, Ди Марија, ја започнал во Росарио Сентрал во 2005 година, во Европа се пресели во 2007 година во Бенфика, а потоа играл и за Реал и Манчестер Јунајтед.

Во ПСЖ е од 2015 година, одиграл 205 натпревари за „светците“ на кои постигнал 79 гола и забележал 83 асистенции.

Scroll to Top