Top Sport

Бундес лигата го казни плукачот Турам

Бундес лигата жестоко го казни напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам. Францускиот репрезентативец на натпреварот со Хофенхајм го плукна противничкиот фудбалер Стефан Пош.

Турам нема да игра во наредните пет натпревари, во првенството и Купот на Германија и ќе плати казна од 40.000 евра. Играчот на Менхенгладбах може да добие и уште еден натпревар суспензија доколку направи нова глупост до 21.декември 2021 година.

Турам, во меѓу време, му се извини на Пош, на соиграчите и семејството. Младиот напаѓач рекол дека ја прифаќа казната.

Scroll to Top