Навивачите на германските фудбалски гиганти Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Херта Берлин јасно кажаа што мислат за Светското првенство во Катар, барајќи нивната репрезентација да го бојкотира шампионатот поради прекршувањето на човековите права во арапските земји.
„15.000 починати за 5.760 минути фудбал“, стоеше на банерот на „Олимпијастадион“ на мечот помеѓу Херта и Баерн Минхен, а гостинските покажаа банер со ист содржина. Во Дортмунд, пак, на голем банер пишуваше „Бојкоторијте го Катар 2022“, како и други бaнери со порака: „Илјадници мртви“, „Е.и се ФИФА“.