Top Sport

Бундеслигата воведува ВАР апликација за навивачите на стадионот

Германската Бундеслига треба да воведе ВАР апликација за гледачите на стадионите во втората половина од актуелната сезона. Гледачите ќе можат да ги следат контроверзните ситуации кои се разгледуваат во ВАР собата, објасни Германскиот фудбалски сојуз.

„Стандард треба едноставно да биде посетителите на стадионот и телевизиските гледачи да ги гледаат ситуациите кои се прегледуваат во ВАР собата. Навивачот на трибините треба да биде на исто ниво како и телевизискиот гледач. Се согласуваме дека апликацијата може да биде алатка за гледачите во стадион. Концептуалната фаза за тоа е завршена, сега сме во фаза на планирање и анализираме како имплементацијата може да биде успешна“, откри директорот за иновации на Германскиот фудбалски сојуз Јохен Дрис.

Иако една од опциите е фановите да ја преземат апликацијата на нивните мобилни уреди, Дрис предупредува дека тоа можеби не е идеално решение. Друга можност е овие ситуации да бидат прикажани на семафорите на стадионот.

„Системот на стадионот мора да функционира совршено. Ако посетителите на стадионот потоа гледаат само на своите паметни телефони, тоа нема да биде продуктивно. Отворени се некои други прашања: на пример, можни правни проблеми и која платформа да се користи“, објасни Дрис.

Scroll to Top