Навивачите на Њукасл јунајтед поставија банер пред „Сент Џејмс Парк“ барајќи отказ за менаџерот Стив Брус по засрамувачкиот 3:0 пораз од Брајтон во саботата, со кој клубот од северот на Англија останува во опасност од испаѓање од Премиер лигата.
Пред мечот на „Ејмекс“, Брус изјави дека мечот „мора да се победи“ , посебно бидејќи Брајтон се исто така клуб кој се обидува да избегне испаѓање. Тимот беше катастрофален и доживеа висок пораз по кој се на само два поени пред 18-пласираниот Фулам и иако имаат натпревар помалку на навивачите им дојде преку глава.
На банерите пред „Сент Џејмс Парк“ пишува: „Кукавица“ и „Ти не си еден од нас – замини веднаш“. За потсетување, Рафа Бенитез, поранешниот тренер на Њукасл по заминувањето од клубот изјави дека сопственикот Мајк Ешли едноставно не се грижи многу за создавање на сериозен тим од Њукасл.