Наполи одигра 1:1 против Салцбург во Лигата на шампионите, а по мечот во знак на протест тренерот Карло Анчелоти и напаѓачот Фернандо Љоренте не се појавиле на задолжителната прес-конференција.
Протесто е насочен кон претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис, кој во поразот од Рома во Серија А наредил тимот цела недела да ја мине во карантин. Исто така, најголем дел од фудбалерите по натпреварот одбиле да се вратат во тренинг-центарот „Кастел Волтурно“, туку си заминале дома.
„Ил Матино“ тврди дека тие што заминале дома претходно се консултирале со адвокати и дознале дека клубот, односно претседателот Лаурентис немал право да ги казнува на таков начин.
Тренерот Анчелоти веднаш застанал на страната на играчите и рекол дека е против одлуката на претседателот, но дека истата мора да ја почитува.
Прашање е како ќе реагира кон непослушните Лаурентинс. Од друга страна Анчелоти добил поддршка од капитенот Лоренцо Инсиње.
„Блиски сме како група, заслугите што е тоа така одат кај тренерот. Тој константно се обидува да го симне товарот од нашите плеќи. Благодарни сме и сакаме да му помогнеме со добри резултати. Тој заслужува успех. Се е во нашите раце“, рекол Инсиње.
Инаку Наполи во наредните две кола треба да освои три бода за да обезбеди пласмна во нокаут-фазата, во Лигата на шампионите.