Top Sport

Бунт во Палермо по преземањето на клубот од „Сити групацијта“: Дали Гвардиола би го трпел ова?

Тренерот на Палермо, Силвио Балдини на прес-конференција објасни зошто тој и спортскиот директор на клубот, Ренцо Кастањини вчера си поднеле оставки по конфликтот со новите газди на италијанскиот клуб, „Сити групацијата“.

Клубот од Сицилија успеа да се врати во Серија Б минатата сезона откако банкротираа во 2009 и беа исфрлени од професионалните лиги (поточно преселени во Серија Д), пред ова лето да бидат купени од компанијата која го поседува и Манчестер сити. Но, сите надежи за големи инвестиции и амбициозен тим завршија со хаос по оставката која ја дадоа Балдини и Кастањини.

„Кажав дека Палермо ќе се врати во Серија А, но ако тоа не е возможно бидејќи нашата група е отстранета, зошто јас би останал? Само да ја земам платата, да ризикувам пет-шест засрамувачки мечеви и потоа да добијам отказ? Ако ‘Сити групацијата’ отиде во Манчестер сити и отпушти двајца физиотерапевти и фитнес-тренер без да го информира Гвардиола, мислите дека тој би го трпел ова? Ова можеби е нивниот начин на работа, но јас не можам да работам така“, вели Балдини.

Scroll to Top