Top Sport

„Лудото“ лето на Барса продолжува – го потврдија и Жил Кунде

Барселона успеа да го „украде“ Жил Кунде од Челси, потврдувајќи го трансферот на францускиот дефанзивец од Севилја, во уште еден голем трансфер на каталонскиот клуб во „лудото“ лето за Каталонците.

Се веруваше дека 23-годишниот Кунде веќе е играч на Челси, откако шпанските медиуми објавија дека двата клуба се договориле за трансферот, но во „реприза“ на трансферот на Рафиња, повторно желбите на фудбалерот се покажаа како клучни, и тој ќе го носи дресот за Барса за сума од околу 50 милиони евра.

Кунде е петто големо засилување за Барселона ова лето, по бесплатните трансфери на Андреас Кристенсен (Челси) и Франк Кеси (Милан), како и пристигнувањата на Роберт Левандовски (Баерн) и Рафиња (Лидс).

Покрај тоа, Барселона останува заинтересирана за дефанзивното дуо на Челси, Маркос Алонсо и Цезар Азпиликуета, а преодниот рок уште трае…

Scroll to Top