Top Sport

Бунт во Швајцарија – Шаќири не сака да игра бидејќи Џака е капитен?

Фудбалската репрезентација на Швајцарија одигра само 1:1 на гости кај Ирска во четвртокот во меч во кој не настапи Џердан Шаќири, кој најави дека сака да се фокусира на стартното место во Ливерпул, но швајцарските медиуми тврдат дека постои конфликт со сонародникот Гранит Џака.

„Блик“ тврди дека е лут што капитенската лента ја добил Џака, иако двајцата порано беа блиски пријатели и двајцата имаат албанско потекло.

„Ако е проблемот капитенската лента, ќе седнеме и ќе разговараме. Јас и тој. Ќе му ја дадам лентата ако тоа е проблемот, ќе дадам сè за репрезентацијата“, изјави Џака, кој ја наследи капитенската лента по повлекувањето на Штефан Лихтштајнер од репрезентацијата.

Scroll to Top